Екс-фудбалски репрезентативец на Холандија осуден за шверц на повеќе од 1 тон дрога
Квинси Промес своевремено играше за Севиља. Холанѓанецот сега се соочува со големи проблеми. Судот во неговата земја го прогласи за виновен на шверц на 1,3 тона кокаин.
Станува збор за инцидент од 2020 година, за пратка на аеродромот во Антверпен. Полицијата успеа да го поврзе Промес со ситуацијата, таа година беше и уапсен, а потоа беа пронајдени и други докази дека тој е организатор на шверцот.
Судот во Холандија прво бараше 9 години затвор, а на крајот му пресуди 6.
Промес живее и игра фудбал во Москва за екипата на Спартак. Засега нема индиции дека државата ќе го екстрадира за да се соочи со казната.
Фудбалерот дури и доби посебна дозвола за престој во Обединетите Арапски Емирати за зимските подготовки на Спартак.
Кариерата на Квинси Промес преку Твенте и Го Ахед Иглс го одведе во Спартак.
Во 2018 се пресели во Севиља, а од 2019 до 2021 година играше во Ајакс пред да се врати во Москва.
За репрезентацијата на Холандија тој одигра 50 натпревари и даде седум гола.