Екс претседател на Молдавија во притвор – осомничен е за корупција и предавство

Екс-претседателот на Молдавија – Игор Додон е осомничен за корупција и предавство, па синоќа му бил одреден 30-дневен куќен притвор.

Притворот за Додон доаѓа два дена откако неговиот дом бил претресен, а тамошните власти наредиле да му биде одреден 72-часовен притвор.

Сепак, тој тврди дека е невин и дека случајот против него претставува политички прогон инсцениран од актуелната претседателка – Маја Санду.

Обвинителството во Молдавија на 25. мај поведе обвинителен акт против Додон, товарејќи го за кршење на законот по четири точки – за пасивна корупција, финансирање политичка партија на криминална организација, предавство и незаконски стекнато богатство.

Тој беше претседател на Молдавија од 2016 до 2020 година.