Бујар Нишани – поранешниот албански претседател синоќа бил итно донесен во болницата „Шефќет Ндроќи” во Тирана, каде е на болнички третман.
Според болнички извори, тој се лекува од постковид билатерална пневмонија и е на кислородна поддршка.
Дел од медиумите, повикувајќи се на сигурни извори, наведуваат дека животните параметри не му се во добра состојба.
56-годишниот Нишани, беше претседател на државата во период 2012/ 2017 година.
По завршување на мандатот се повлече од политичката сцена, каде се врати пред една година, кога беше избран за претседател на Националното собрание на Демократската партија.