Екс зетот на Трамп планира да инвестира во луксузни недвижнини во Србија и во Албанија

Џаред Кушнер, поранешниот зет на американскиот претседател Доналд Трамп и советник во Белата куќа, ја потврди информацијата за планираното инвестирање во луксузни недвижности во Србија и Албанија, откако деталите за проектот беа објавени во Њујорк Тајмс.

„Мило ми е што можам да ги споделам концептите за развој на проекти што ги создадовме за албанското крајбрежје и центарот на Белград“, напиша Кушнер на X.

Четирите објавени фотографии го прикажуваат архитектонскиот концепт на идните комплекси со недвижнини во главниот град на Србија и на албанското крајбрежје.

Српскиот парламентарен претставник, екологист и политички активист Александар Јовановиќ во средата изјави дека српската влада го задолжила министерот за градежништво Горан Весиќ да потпише „меморандум за разбирање“ со две компании кои, според него, се поврзани со семејството на Доналд Трамп.

Министерот рече и дека не е тајна, но дека документот се уште не е потпишан.

Во Србија оваа тема е чувствителна со оглед на тоа што се работи за продажба на инвеститори на зградата на штабот на југословенската армија, која беше бомбардирана неколку пати во 1999 година за време на воздушната кампања на НАТО предводена од САД.