![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/ivanova-stojcevska11-750x350.png)
Екс директорката на Филхармонија, Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура, Костадиновска Стојчевска
Управниот суд во Скопје ја усвои жалбата на Тина Иванова, поранешна директорка на Македонската филхармонија, која поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, како што пресуди судот, НЕПРАВИЛНО и НЕПРАВЕДНО ја разреши, поради наводни неправилности во нејзината работа.
Управниот суд во Скопје ја усвои жалбата на Тина Иванова, поранешна директорка на Македонската филхармонија, која поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, како што пресуди судот, НЕПРАВИЛНО и НЕПРАВЕДНО ја разреши, поради наводни неправилности во нејзината работа.
Министерката Костадиновска Стојчевска ја клеветеше Тина Иванова и јавно на прес-конференција, по што, Иванова од неа побара јавно да ѝ се извини или ќе мора сатисфакцијата за, како што тогаш посочи Иванова, навредите и клеветите да ги бара на суд, што Тина Иванова и го стори. По сите истражувања, не се пронајдени никакви неправилности во нејзиното работење на позицијата Директор на Македонската Филхармонија.
Пресудата на скопскиот Управен суд за Министерството за култура раководено од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е извршна и неотповиклива; oдносно, Министерството за култура и екс министерката немаат право на жалба.
Инаку, вистинската причина за разрешувањето на директорката на Филхармонија, како што коментираа и медиумите тогаш, е во фактот што директорката на Македонската филхармонија, Тина Иванова, не застана зад министерката и нејзината штетна одлука по Филхармонија, туку се солидаризираше со двомесечните протести на уметниците и на целиот колектив, односно, стави свој потпис на петицијата составена од колективот.
„Тогашната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, злоупотребувајќи ја позицијата и моќта, којашто, за жал, толку често во историјата ги завела и измамила луѓето, искривувајќи им ја сликата за реалноста, без никаква основа, повторувам, без ниту една основа и пронајдена недоследност или неправилност во работењето, нешто, коешто сега веќе и институционално се докажа, но, она што има поголема тежина за мене, е тоа што и без трошка емпатија и човечност, се обиде да го осквернави моето достоинството и да стави дамка на моето име и презиме и на целото мое семејство. Со тој потег, потпирајќи се на позицијата, таа го впери прстот на јавноста кон мене. Но, и покрај тоа, оние коишто ме познаваа, сите мои сакани, сите мои искрени пријатели, сите луѓе коишто веруваа во мене, знаеја и тогаш дека е во прашање една голема небулоза и тенденциозна манипулација. Денес стојам пред сите нив и чесно и гордо им соопштувам дека мојата чесност и достоинственост денес и официјално победија. Јавно им се заблагодарувам за укажаната доверба и поддршка. Оваа победа ви ја посветувам вам!“ , вели Тина Иванова.