Мал импровизиран механизам експлодираше рано утрово во центарот на Атина пред Масонската ложа на Грција, без притоа да има повредени или поголема материјална штета.
На малата експлозија и претходел анонимен предупредувачки повик на бројот 112 за итни случаи, меѓутоа без да биде даден конкретен временски рок за експлозијата, по што веднаш полицијата го затворила просторот, а кусо подоцна експлодирал импровизираниот механизам.
Експлозијата била со мала јачина и предизвикана е мала материјална штета, во главно на ѕидот од објектот.
Полицајците од Секторот за уништување експлозивни направи пронашле и сомнителна кутија, по што била извршена контролирана експлозија за да се неутрализира евентуалната втора бомба.