
Во страшна експлозија на цистерна за гориво, на аеродром во близина на рускиот град Рјазањ, што се случи утрово загинаа три лица, а шест се повредени, изјави претседателот на итната служба.
Во несреќата е оштетен и авион, пренесува РИА Новости, пришто агенцијата додава оти надлежните ги утврдуваат околностите за инцидентот.
Рјазањ е град на околу 200 километри југоисточно од Москва.