
Експлозија на бомба на плоштад во Сараево
Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди дека станува збор за непозната експлозивна направа. Дежурниот обвинител го класифицира настанот како кривично дело предизвикување општа опасност и оштетување туѓ имот.
Синоќа околу 23:15 часот на плоштадот „Завно“ во сараевската општина Нови Град се случи експлозија, која го вознемири населението во близината на Алипашино Поље, објави „Ослобоѓење“.
Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди дека станува збор за непозната експлозивна направа. Дежурниот обвинител го класифицира настанот како кривично дело предизвикување општа опасност и оштетување туѓ имот.
Полициските службеници продолжуваат со истражување, собирање докази и обид за идентификација на сторителот. Форензичките екипи ги документираат последиците од експлозијата, а пошироката област е обезбедена со полициска лента.