Од МВР информираат дека денеска во утринските часови експлодирала бомба во двор во скопската населба Керамидница.
„Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Неофицијално, дел од медиумите пренесуваат дека повредениот е Раде Трајковски – Штекли.
Ова е трет обид за негова ликвидација откако досега два пати во Ист Гејт пукале во него.