Кај лондонскиот аеродром Хитроу се ширеше пожар по „големата детонација што личеше на бомба или експлозија“, пренесува „Мирор“.
Лондонскиот весник додава дека вчера вечерта огромен облак од чад се крена на небото и се верува дека доаѓа од авион што слетал на Хитроу, додека пожарникарите предупредија дека пожарот се проширил на градините на домовите на луѓето од населбата Фелтам.
Пожарот зафатил дрвја, жива ограда, грмушки, трева на бројни домаќинства на патот кај Фелтам.
Многумина кои живеат во близина на инцидентот изјавија дека слушнале силна експлозија, а еден очевидец дури кажа дека слушнал удар како „бомба или некој вид експлозија“.
Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари беа на местото на пожарот во Херефорд Роуд, а примени беа и 44 повици за интервенција.