Експлозија во хемиска фабрика во Кина, има мртви

Најмалку две лица загинаа, а 12 се водат за исчезнати во голема експлозија во хемиска фабрика во североисточна Кина, пренесе АП.

34 лица се повредени во експлозија во предградието на градот Панџин во провинцијата Лиаонинг.

Локалната самоуправа покажа фотографии од густ чад и оган што го зафати хемискиот комплекс.

Пожарникарите го ставија пожарот под контрола, а локалниот оддел за заштита на животната средина го следи квалитетот на воздухот во областа, соопшти локалната власт на округот Паншан.

Причината за несреќата е под истрага, а локалните жители на социјалните мрежи изјавија дека почувствувале шок по експлозијата, но нема штета надвор од фабричкиот комплекс.