Утрово околу шест часот во комплексот на компанијата „ЕДеПро“, во Лештане, дошло до експлозија на работната машина за производство на ракетно гориво.
Според првичните информации, во експлозијата нема повредени или жртви, соопшти МВР на Србија.
Сите служби за итна помош се на терен и ќе следи понатамошна работа.
Полицијата превентивно ги затвори сите приоди кон фабриката, од излезот од автопатот Бубањ поток во правец на Лештане и од Лештане кон Бубањ поток.
Пожарникарите веднаш интервенирале и утврдиле дека машината за производство на ракетно гориво експлодирала бидејќи се прегреала, пренесуваат медиумите.