Експлозија предизвика пожар во фабриката за оружје Мескo во Полска, при што загина еден работник, а друг беше повреден, соопштија официјални лица.
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека нема причина да се заклучи дека зад експлозијата во Мескo стои „надворешна сила“.
Неодамна Полска беше погодена од серија пожари, а властите истражуваат дали тоа би можело да биде резултат на саботажа на тајните служби на Русија и Белорусија, како одговор на поддршката на Полска за Украина.
Државнaтa холдинг група на производители на оружје објави дека експлозијата во Мескo, во градот Скарзиско Камиен, претставува „огромна трагедија“ за сите членови на групата и дека истрагата е во тек.
Фабриката произведува муниција и проектили, а градот е 135 километри јужно од Варшава.