Експлозија на метан во рудникот „Соко“ во близина на српскиот град Сокобања. Се урна дел од јамата, а рударите останаа заробени.
Информациите кои доаѓаат од сев ерниот сосед се дека загинати се 8 лица, а над 20 рудари се повредени.
„Несреќата е многу голема, осум лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени“ – изјави директорот на Здравствениот дом во Алексинац – Родољуб Живадиновиќ, .
Тој кажа дека некои повредени рудари веќе се префрлени во општата болница во Алексинац, а повеќе од 20 од нив се полесно повредени.
Досега дури 65 рудари се извлечени од рудникот „Соко“.
Според неофицијални информации, окното во рудникот се урнало, а камениот материјал паднал и затрупал голем број рудари, од кои некои останале заробени од другата страна.
Експлозијата се случила во раните утрински часови.