
Експлозија во бар во Мадрид: 21 лице повредено, тројца во тешка состојба
Спасувачите продолжуваат да расчистуваат урнатини, а се трага и по можни лица затрупани под урнатините.
Најмалку 21 лице е повредено, од кои тројца се во тешка состојба, во експлозија што денеска се случи во бар во Мадрид, објави шпанскиот весник „Мундо“.
Експлозијата избувнала во 15:01 часот во бар на улицата „Мануел Марото“ во населбата Пуенте де Валекас. При инцидентот е оштетена и станбена зграда над барот..
На местото на настанот интервенираа 18 противпожарни екипи, 13 тимови на цивилна заштита и екипи на брза помош.
Спасувачите продолжуваат да расчистуваат урнатини, а се трага и по можни лица затрупани под урнатините.