Експлозија во автобус кој превезувал затворски чувари, има загинати
Импровизирана експлозивна направа во автобус кој превезувал затворски чувари во западна Турција.
„Еден од нашите чувари загина кога импровизирана експлозивна направа беше активирана со далечински управувач додека автобусот се движеше на патот Бурса-Мудања. Во тек е истрага за да се фатат сторителите“ – напиша турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу Твитер.
Во експлозијата загинало најмалку едно лице, а уште осум се повредени.
Инцидентот се случил утринава, а инспекторите посочуваат дека е можно да се работи за терористички чин.
Наводно во автобусот имало околу 30 луѓе. Сите превентивно се пренесени во болници.
Засега никој не презел одговорност за нападот.