Експлозии одекнуваат во Украина, Кличко: Останете во засолништата

Експлозии одекнуваат во Киев, додека сирените се слушаат од рано наутро поради нов руски напад, соопшти воената управа на градот Киев.

Градоначалникот на Киев, Кличко предупредува на активирање на противвоздушната одбрана и продолжена тревога

– Во градот се активирани силите за противвоздушна одбрана. Останете во засолништа! Алармот за опасност од воздух траеше цела ноќ во Киев – изјави Кличко на Телеграм.