
Украински беспилотни летала беа соборени во близина на Москва, Ростов и Брајанск во раните утрински часови, пренесува РИА.
Во Брјанск, остатоци од еден од двата уништени беспилотни летала ги скршиле стаклата на зградата на железничката станица и оштетиле автомобили во близина, јави новинската агенција Интерфакс.
Во Ростов се регистрирани експлозии во близина на седиштето на командата на Јужниот воен округ, местото од каде се координира руската агресија врз Украина. Исто така, штабот е една од локациите што ги окупираше покојниот водач на Вагнер, Евгениј Пригожин за време на неговиот неуспешен бунт во јуни.
Another explosion in Russia. This time in the center of Rostov near the headquarters of the criminal Southern Military District.
— Olga Lautman 🇺🇦 (@OlgaNYC1211) September 7, 2023
Гувернерот на регионот, Василиј Голубев, на Телеграм изјави дека најмалку три згради и неколку автомобили биле оштетени, а едно лице е повредено откако руската противвоздушна одбрана соборила два украински беспилотни летала насочени кон градот. Голубев рече дека остатоците од еден дрон паднале надвор од градот, додека другите паднале „во центарот, во зоната на улицата Пушкинска 42“.
Ростов е најголемиот град на југот на Русија и е главен град на Ростовската област, која граничи со деловите на источна Украина зафатени од војна.
Во него е сместена командата на јужниот воен округ на Русија, чија 58-ма комбинирана армија се бори против контраофанзивата на Киев во јужна Украина, според институтот за проучување на војната (ISV). Ростов е исто така дом на командниот центар на руската група за здружени сили во Украина како целина и затоа е критичен логистички центар за руската војска.