Ексдиректорот на затворот „Шутка“: Не сум прекршил закон, полицајците правилно си работеле

„Во моето работење, во три и пол години како директор на затвор ‘Скопје’, во ниту еден случај не сум го прекршил Законот за извршување на санкции, ниту сум ја повредил безбедноста на затворот. За затворската полиција можам да кажам дека целосно правилно си ја имаат извршено задачата и безпотребно се обвинети“.

Се одложи судењето за случајот против поранешниот директор на Затворот „Скопје“ Филип Андов и против повеќе полициски службеници, обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување.

Обвинителството ги товари дека во 2024 година дозволувале осуденици да бидат спроведувани до нивните домови и други локации за приватни потреби.

Рочиштето беше одложено по барање на одбраната, за да изврши увид во доказите. На следното судење обвинетите ќе треба да се изјаснат дали се чувствуваат виновни.

Андов пред новинарите изјави: