
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, се огласи по повод наводите дека додека раководел со институцијата, се вршело незаконско следење и прислушување. Во кратка објава на социјалните мрежи, тој порача:
„Денес е ден за славење, а од утре аргументиран одговор на наводите од брифинг во АНБ одржан деновиве…“.
Оваа негова изјава доаѓа во контекст на најновите информации од АНБ, според кои до Јавното обвинителство биле доставени три известувања за поранешен директор и група вработени поради индиции за незаконско и непрофесионално постапување во периодот 2019–2024 година. Порталот „Плусинфо“ веќе објави дека таргети биле премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.
Димовски најави дека веќе од утре ќе излезе со став и аргументиран одговор на изнесените тврдења.