Еквадор: Запленети 8,8 тони кокаин кој бил скриен во контејнер со банани, пратката одела за Белгија

Еквадорската полиција заплени 8,8 тони кокаин, кој бил скриен во контејнер со банани, а требало да биде испратен во Белгија, соопшти полицијата на пристанишниот град Гвајакил.

„Тоа е рекордна заплена во 2023 година, тоа е повеќе од осум тони кокаин“, напиша на Твитер полицискиот командант генерал Фаусто Салинас.

Како што истакна, еквадорската полиција спречила меѓународна продажба на 90 милиони пакети со дрога во вредност од 330 милиони долари во Европа, пишува „Брусел тајмс“, додавајќи дека командантот објавил видео на кое се гледа како полицијата го пребарува контејнерот.