
Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово
Едно лице почина во експлозија на плинска боца во семејна куќа во Куманово, информираа вечерва од СВР Куманово.
Едно лице почина во експлозија на плинска боца во семејна куќа во Куманово, информираа вечерва од СВР Куманово.
Како што соопшти полицијата, денеска во 20: 23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца.
– Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово. Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек, велат од СВР Куманово.