
Едно лице загина, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Дњепропетровск во текот на ноќта, соопшти вршителот на должност шеф на воената администрација на Дњепропетровск, Владислав Хајваненко.
Тој на Телеграм информира дека шест повредени лица се хоспитализирани.
Хајваненко изјави дека пожарот на зграда што избувнал поради нападот е изгаснат, јави Укринформ.