Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Штип-Велес, кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, потврди портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
Според првичните информации, двете повредени лица во сообраќајната несреќа се хоспитализирани во Општата болница во Велес.
Несреќата се случила околу 18:20 часот и во неа учествувале две возила „сузуки“ со светиниколски и „БМВ“ со радовишки регистарски таблички.
Истражните органи во моментот вршат увидот на местото на несреќата, а сообраќајот на патниот правец е во прекин.