Во руски ракетен напад утринава врз регионот Лавов на западот на Украина, едно лице загина, а уништен е еден инфраструктурен објект, а се стравува дека под урнатините може да има луѓе, изјави шефот на регионалната управа на Лавовскиот регион Максим Козицки.
Тој изјави дека истиот објект од критична инфраструктура бил цел на напади на 24 и 29 март.
По нападот со руско беспилотно летало, избувна пожар во енергетски објект во Одеса, кој беше изгаснат, а 10.000 потрошувачи во Одеса и регионот Одеса останаа без струја, изјави шефот на регионалната администрација Олег Кипер.