Едно лице загина, а две се ранети во напад со нож во лондонскиот кварт Клапам, соопштија денеска итните служби.
Медицински екипи излегле на лице место по пријавувањето на инцидентот, пренесува Мирор.
Лекарите констатирале смрт на маж на околу 20 години.
Еден од повредените е пренесен во болница во тешка состојба, а другиот повреден не е во животна опасност.
Полицијата соопшти дека настанала тепачка во која биле употребени ножеви.
Засега никој не е уапсен во врска со овој инцидент, а истрагата е во тек, соопшти лондонската полиција.
I can’t believe it! just a few hours earlier I was there,… London is out of control!https://t.co/zGKfDDLgEi
— Lilly inLondon (@Lillyin_London) September 29, 2024