Едно лице го изгуби животот во сообраќајката што се случила денеска на булеварот „Киро Глигоров“

Едно лице го изгуби животот во сообраќајката што се случила денеска на булеварот „Киро Глигоров“. Друго лице е одведено во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен денеска во 6:10 чaсот во СВР Скопје. Лицето Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа што му пукнала гума.Друго лице Н.С. (29) од Скопје дошло со возило да му пружи помош. Во обид да ја променат гумата во нив удрило патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Л. (18) од Скопје. Тој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото.

На местото на настанот починал Б.С., а Н.С. е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“.

Возилото „форд фиеста“ е пронајдено на бул „АСНОМ“. Извршен е увид и полицијата презема мерки за расчистување на случајот.