Една победа ја дели Оклахома од трофејот во НБА-лигата

Екипата на Оклахома ноќеска ја совлада Индијана и поведе во финалето на НБА плејофот.

Екипата на Оклахома ноќеска ја совлада Индијана и поведе во финалето на НБА плејофот.

Тандер славеа со 120:109 на домашен терен во петтиот натпревар од финалната серија и сега водат со 3:2.

Најефикасен кошаркар на натпреварот беше напаѓачот на домаќините Џејлен Вилијамс, кој постигна 40 поени, Шеј Гилџеус-Александер направи дабл-дабл – 31 поен и 10 асистенции.

Следниот натпревар ќе се одржи в петок во Индијанаполис.