Една недела по несреќата, повредените во Нови Сад сè уште се во животна опасност

Тројца пациенти, кои се здобија со тешки телесни повреди при падот на бетонската настрешница на зградата на железничката станица во Нови Сад, сè уште се во животна опасност, изјави утрово в.д. директор на Клиничкиот центар „Војводина“ Весна Туркулов.

Иако кај двајца пациенти се забележани мали промени во стабилноста, Весна Туркулов за телевизијата К1 изјави дека нивната состојба може брзо да се промени и дека состојбата и понатаму е критична.

Лекарскиот тим прави максимални напори за стабилизирање на нивната здравствена состојба, додаде таа

„Од моментот на прием во Ургентниот центар, едно лице е реанимирано, поради што нејзината состојба е нешто полоша од другите две, но сите сè уште се животно загрозени и нестабилни“, изјави Туркулов, наведувајќи дека овие се сериозни повреди кои вклучуваат внатрешни повреди, крварење и модринки на ткивото поради затрупувањето од тешкиот товар.

Семејствата на тешко повредените пациенти, кои се здобија со тешки телесни повреди во несреќата на железничката станица во Нови Сад, цело време се со своите најблиски во болница, а се согласија и на психолошка помош, што многу им значи во овие тешки времиња, додаде таа.