„Нашиот избор е едноставен, како можеме да останеме на овој простор и да бидеме заедно во исто европско соседство обидувајќи се да го направиме помирно за нашите народи или можеме да фрламе камења едни на други и да се сузбиваме како што тоа го правиме со години“ – рече премиерот на Албанија Еди Рама во Белград.
Тој денеска на отворањето на саемот за вино „Винска визија на отворен Балкан“ изјави дека регионалната иницијатива ОБ е многу повеќе од економија и трговија и многу повеќе од политика.
„Отворениот Балкан е производ на мирот кој ќе биде одржлив, проект на единство во мир со визија за иднината, за ова мало соседство во срцето на Европа повеќе да не страда од остатоците од минатото, туку да стане место на иднината на нашите млади“ – рече Рама.