Премиерот на Албанија, Еди Рама, потсети на годишнината од влегувањето на силите на НАТО во Косово и рече дека ова е можност за размислување и Косово да излезе од ќорсокакот до кој доведе апсурдната кавга со сојузниците, пишува Косово онлајн.
Рама на Твитер напиша дека Косово мора да излезе од ситуацијата во која е со дијалог, а не со полицијата и со добри пријатели, а не со малтретирање пријатели.
„Влезот на НАТО во Косово пред четврт век служи како потсетник за сите дека без стратешките сојузници на Албанците, добри пријатели во најлошите денови, немаше да има Република Косово, ниту слобода и демократија за Албанците на Косово. . Господ да ги благослови нашите сојузници!“
Рама додаде дека ова е ден за длабоко размислување и за излез на Косово од ќорсокакот до кој го доведе апсурдната кавга со сојузниците.
„Косово мора да излезе со дијалог, не со полиција, со конкретни идеи, не со пропаганда, со добри пријатели и не со малтретирање пријатели!“, рече Рама.
Si sot e gati çerek shekulli më parë, hyrja e NATO-s në Kosovë u rikujton të gjithëve, se pa aleatët strategjikë të shqiptarëve, miq të mirë në ditët më të këqija, s’do të kishte as Republikë të Kosovës, as liri e demokraci për shqiptarët në Kosovë! Zoti i bekoftë aleatët tanë! pic.twitter.com/bUWygIJrpK
— Edi Rama (@ediramaal) June 12, 2023