Еден убиен и тројца ранети во Словенија, осомничениот е во бегство

Едно лице загина, а тројца се ранети во престрелка во Словенија, додека осомничениот се уште е во бегство, соопшти полицијата во Нови Место, пренесува СТА.

Се претпоставува дека осомничениот, 25-годишниот Мирко Пилингер, вчера убил 22-годишник во Ново место, на главниот пат меѓу Мирна Печа и Ново Место, кај Брежје.

Уште три лица, една жена и двајца мажи на возраст меѓу 19 и 27 години, се ранети и пренесени во болница, јавува СТА.

Во периодот од 23 до 2 часот по полноќ Итната помош ги превезувала повредените, а наоколу се собрале 100-тина лица кои ги познавале повредените и починатиот.

Полицијата соопшти дека осомничениот, кој веќе има криминално досие, е во бегство и дека е вооружен и опасен. Потрагата е во тек, а истрагата продолжува.

Инцидентите со огнено оружје се ретки во Словенија и ова е едно од најлошите престрелки во последниве години.