Еден починат и двајца повредени во пожар во куќа во село Требеништа, општина Дебарца

Од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид известија дека денеска во раните утрински часови интервенирале на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза, во село Требеништа – Општина Дебарца.

При интервенцијата извлечени биле две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен, велат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.

Во истиот објект пронајдено било и едно починато лице, додаваат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.