Автобус на ЈСП, движејќи се по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, излетал од коловозот во близина на клучката со улицата „Филип Втори Македонски“.
Инцидентот се случил во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје. Според информациите, еден патник и возачот, кој управувал со двокатниот автобус на ЈСП, се пренесени во болница за укажување на помош.
Полициски службеници на СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот, се вели во официјалното соопштение на МВР за настанот.