Боре Видевски, велешанецот кој е еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е пренесен на скопската клиника во тешка здравствена состојба, пренесува РСЕ повикувајќи се на адвокатот Бојан Манев.
Манев изјавил дека Видевски е со речиси откажан бубрег, бил неконтактибилен и префрлен во Клиниката за нефрологија. Имал во минатото трансплантиран бубрег, а во затворот константно се жалел на болки.
„Првично бил однесен во Градската болница „8 Септември“, по што го транспортирале на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Веднаш му е извршена дијализа, но според моите информации се уште е во лоша здравствена состојба. Претпоставките се дека ќе треба подолго време да заздрави, што би можело да трае и повеќе од еден месец. Не знам што да ви кажам, бубрегот како да му е пред распаѓање, сепак дијагнозата треба да ја постават лекарите“ – вели адвокатот Манев.