Еден загинат и 22 повредени откако автобус со туристи се преврте кај Лесковац

Едно лице загина, а 22 се повредени при превртување на српски автобус на автопатот Лесковац-Ниш, кај местото Печењевци. Несреќата се случила околу 5 часот утринава, а автобусот превезувал патници кои се враќале од летување во Грција (Ханиоти).

Нишка Брза помош со четири екипи превезла пет повредени во Ургентниот центар во тој град, додека Лесковац двајца, па во Ниш моментално има седум возрасни и две деца.

Во одделението за набљудување на Ургентниот центар на КЦ Ниш има седум лица: девојче родено 2014 година, пет жени родени 1956, 1969, 1993, 1973 и 1984 година и еден маж роден 1964 година.

„Сите пациенти се свесни, комуникативни и моментално имаат стабилни витални параметри. Дијагностиката е во тек и се утврдува степенот на повредите. Во одделението за набљудување има едно девојче (5) и пет жени. Сите пациенти се свесни, комуникативни и имаат стабилни витални параметри. Дијагностиката е во тек и се утврдува степенот на повредите.“ – информираат здравствените служби.

Во КЦ Ниш прво е донесено 13-годишно момче од Војводина, примено е со набиеници на стомакот на опсервација и натамошна дијагностика.

Меѓу повредените има и маж (1953 година) кој се здобил со отворена скршеница на раката и скршеница на ребро. Веднаш бил опериран.

Водачот на патот починал на лице место.

Несреќата се случила утрово околу пет часот, кога од засега непознати причини автобусот се превртел.