Еден ден по посетата на Бајден, британскиот премиер Сунак седнува на маса со раководството на Израел

Британскиот премиер Риши Сунак пристигна во Израел.

Скај њуз објави дека шефот на Даунинг стрит број 10 се очекува да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот Исак Херцог.

Бет Ригби, уредничка на политичката редакција на британската телевизија, објави дека владините претставници во Лондон предупредија дека не треба да се очекуваат чуда од посетата на Сунак.

Премиерот на Велика Британија е во посета на Израел еден ден откако таму беше американскиот претседател Џо Бајден.

Шефот на Белата куќа веднаш по пристигнувањето во Израел се обрати на заедничка прес-конференција со Нетанјаху и го обвини „оној другиот тим“ за нападот врз палестинската болница во градот Газа, што се случи во вторникот вечерта.

Сунак во регионот ќе остане два дена, а неговиот тим не сакаше да им открие на новинарите кои други земји би можел да ги посети, освен Израел.