Египет и Ливерпул се во шок, Мохамед Салах се повреди против Гана!
Најдобриот играч на египетската репрезентација, Мохамед Салах, се здоби со незгодна повреди во финишот на првото полувреме од натпреварот против Гана на Африканскиот Kуп на нации.
Еден од најдобрите офанзивци во модерниот фудбал, само седна на тревникот, стегајќи го задниот дел од левата нога.
Судејќи по изгледот на неговото лице додека ја напушташе средбата, тој би можел да биде надвор од терените подолго време, што во никој случај не е добра вест за неговите соиграчи, но и за неговиот клуб Ливерпул, кој едвај чека да се врати.
Инаку, дербито од второто коло во Купот на нации заврши без победник, со по два гола на двете страни (2-2).
Дополнително се дозна дека Салах заработил повреда на ахиловата тетива, а дополнително се чекаат тестовите за да се утврди степенот на повредата.
Ако информациите се покажат како точни тогаш тоа се лоши вести за Ливерпул бидејќи би станувало збор за повреда поради која паузата е подолга.
Ливерпул е во битка за титулата во Премиерлигата и нема да дилеми дека Салах многу значи за тимот на Јирген Клоп.