
ЕВРО: Шпанија четвртфиналист, Италија и Португалија ремизираа
Шпанија ѝ се приклучи на Норвешка во четвртфиналето на Европското првенство за фудбалерки кое се одржува во Швајцарија.
Шпанија ѝ се приклучи на Норвешка во четвртфиналето на Европското првенство за фудбалерки кое се одржува во Швајцарија.
Актуелните светски шампионки ја победија Белгија со 6-2 во второто коло од Групата Б во Тун, запишувајќи уште еден убедлив триумф по стартниот над Португалија од 5-0 во првото коло од групната фаза.
Во вториот натпревар од оваа групата, Италија и Португалија одиграа синоќа нерешено 1-1.
Италија поведе во 70. минута со голот на Кристијана Гирели, а Дијана Гомез израмни во 89 минута.
Шпанија води на табелата со шест бодови, пред Италија (4), Португалија (1), додека Белгија нема бодови.
Во последното коло, на 11 јули, ќе играат Шпанија – Италија и Португалија – Белгија.
ФОТО: ЕПА