Евро-пратеничката Јовева ја доби наградата „Светилник“: „Го гледам патот кон слободата, студентите се светлото на крајот од тунелот

Наградата „Светилник“ на Белградскиот центар за безбедносна политика (БЦБП) вчера ѝ беше доделена на пратеничката во Европскиот парламент од Словенија, Ирена Јовева, која ја посвети на сите што разбираат дека студентските и граѓанските протести во Србија се дел од универзална борба. Таа беше еден од ретките европски гласови што јасно и доследно им укажуваа на институциите на Европската унија за протестите во Србија, за борбата на студентите и граѓаните за правда, слобода и достоинство. Таа исто така застана во одбрана на единството на македонскиот јазик, бранејќи ги своите корени. Со своето јавно делување покажа солидарно разбирање за сите кои се борат против неправдата, нагласувајќи дека борбата за човекови права не е локална, туку универзална, наведуваат од БЦБП.

Наградата „Светилник“ на Белградскиот центар за безбедносна политика (БЦБП) вчера ѝ беше доделена на пратеничката во Европскиот парламент од Словенија, Ирена Јовева, која ја посвети на сите што разбираат дека студентските и граѓанските протести во Србија се дел од универзална борба.

Ирена Јовева истакна дека живееме во луд свет, но дека верува оти доброто ќе победи.

„Го гледам светлото на крајот од тунелот, го гледам патот кон слободата. Тоа светло се студентите и граѓаните на Србија кои се борат за нешто што треба да биде нормално“, рече Јовева на Белградската безбедносна конференција, која се одржува од 17 до 19 ноември во Сава Центар.

Таа додаде дека ѝ е исклучително тешко да прифати дека нема правда – не само во Србија, туку и во целиот свет – но дека постојат луѓе кои ќе продолжат да се борат.

„Постојат луѓе што ќе се борат. И јас ќе се борам до последниот ден, затоа што знам колку е важно тоа. Сакам мојата ќерка да живее во подобар свет. Верувам во доброто, верувам во правдата и знам дека оваа борба не е залудна“, порача Јовева.

Наградата „Светилник“ се доделува од 2023 година на поединци кои покажале исклучителна храброст, интегритет и посветеност на јавниот интерес. Досегашни добитници се Катарина Петровиќ и Александар Обрадовиќ.

Јовева е родена во 1989 година во Јесенице, Словенија, како ќерка на македонски мигранти, а студиите по новинарство ги завршила на Факултетот за општествени науки при Универзитетот во Љубљана.

Таа беше еден од ретките европски гласови што јасно и доследно им укажуваа на институциите на Европската унија за протестите во Србија, за борбата на студентите и граѓаните за правда, слобода и достоинство. Таа исто така застана во одбрана на единството на македонскиот јазик, бранејќи ги своите корени. Со своето јавно делување покажа солидарно разбирање за сите кои се борат против неправдата, нагласувајќи дека борбата за човекови права не е локална, туку универзална, наведуваат од БЦБП.

Во своите текстови и настапи, Јовева повеќепати потенцирала дека Европската Унија не смее да молчи кога се загрозени демократските вредности и дека кредибилитетот на европските институции зависи од нивната подготвеност да ги поддржат храбрите граѓани, стои во образложението за доделувањето на наградата.