
Евростат: Цените на храната во Албанија поскапи отколку во Европа
Најновите податоци од Евростат, кој го мери индексот на цени, според куповната моќ, за Европската Унија и земјите-кандидатки, потврдува дека цените на храната во Албанија се повисоки од оние во земјите на ЕУ.
Најновите податоци од Евростат, кој го мери индексот на цени, според куповната моќ, за Европската Унија и земјите-кандидатки, потврдува дека цените на храната во Албанија се повисоки од оние во земјите на ЕУ.
-За првпат од 2005 година, кога Европската агенција за статистика почна да ги мери податоците, индексот на цените на храната и безалкохолните пијалаци во Албанија лесно го надмина нивото од 100% (100,1%), што значи дека цените на храната во Албанија се за 1% поскапи од просекот на Европската Унија, додека приходите според методот на куповната моќ се 41% од просекот на ЕУ, објавија албанските медиуми.
Од 2005 до 2018 година, цените на храната во Албанија биле во просек 68-78% од просекот на ЕУ. Од 2018 година, тие почнале да растат, додека во 2023 година, цените во Албанија биле во просек само 7% поевтини од просекот на ЕУ. Додека во 2024 година, цените биле изедначени за првпат, дури и надминати за 1%.
Најскапите прехранбени производи за албанските семејства во споредба со ЕУ се јајцата, сирењето и млекото, кои се поскапени за 131% од просекот на ЕУ, од 119,5% претходната година.
Другите прехранбени производи се исто така околу 25% поскапи отколку во ЕУ (124,8%). Безалкохолните пијалаци се 19% поскапи отколку во Европа. Албанците купуваат цигари поевтино, кои чинат 47% од европскиот просек.
Во споредба со другите европски земји, цените на храната во Албанија се речиси исти како во Германија, Португалија и Италија, додека тие чинат повеќе отколку во Шпанија, Чешка, Полска и Бугарија и се највисоки во регионот.
Причините за овие разлики се поврзани со високото ниво на даноци на производите за домаќинство во Албанија, особено ДДВ, високите трошоци за транспорт, несоодветната логистика, недостигот на конкуренција.