Евростат: Во 2021 година 95,4 милиони лица во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија

Во 2021 година 95,4 милиони лица во Европската Унија, што претставува 21,7 проценти од населението, беа изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, соопшти Евростат.

Споредено со 2020 година има пораст за 0,1 отсто и односно 94,8 милиони лица биле во ризик од сиромаштија,.

Највисок процент на луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост се забележани во Романија (34 отсто), Бугарија (32), потоа следат Грција и Шпанија (28) и Летонија (26 проценти).

Спротивно, најмал процент имало во Чешка (11 отсто), Словенија (13) и Финска (14 проценти).