
Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година
„Српскиот народ има право да живее во демократска земја каде што се почитуваат демократијата и владеењето на правото, каде што службените лица се одговорни за своите постапки“, напишаа европските социјалдемократи денеска на мрежата X со видео со снимки од местото на трагедијата, како и разни демонстрации и полициски акции против демонстрантите.
Партијата на европските социјалдемократи (ПЕС) напиша по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, дека „тие се со демонстрантите кои протестираат веќе една година“.

„Српскиот народ има право да живее во демократска земја каде што се почитуваат демократијата и владеењето на правото, каде што службените лица се одговорни за своите постапки“, напишаа европските социјалдемократи денеска на мрежата X со видео со снимки од местото на трагедијата, како и разни демонстрации и полициски акции против демонстрантите.
„Демонстрантите предводени од студенти брзо излегоа на улиците барајќи правда, одговорност и крај на системската корупција“, се вели во соопштението на европските социјалдемократи, чија политичка група во Европскиот парламент е Прогресивниот сојуз на социјалисти и демократи.
Тие наведуваат дека „владата на (српскиот претседател Александар) Вучиќ ги затворила вратите на студентите, ги потиснала демонстрантите и одбила да ги слушне нивните барања“.