Европските индекси претежно во пораст, нафтата брент на 81 долар, цената на златото опаѓа
Денеска европските берзански индекси се претежно во пораст, нафтата од типот брент се продава за околу 81 долар за барел, додека на берзите истовремено е забележан пад на цената на златото и пораст на цената на пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.681,85 поени, британскиот FTSE 100 на 8.336,95 поени, францускиот CAC 40 на 8.071,57 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.197,04 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 38.686,32 поени, S&P 500 на 5.277,51 поени, а вредноста на Nasdaq индексот падна на 16.735,02 поени.