Европските берзи со рекорден пад, највисок во последните 7 месеци
Цените на акциите на европските берзи утринава паднаа на најниско ниво во изминатите 7 месеци, бидејќи инвеститорите стравуваат од натамошна ескалација на тензиите меѓу Западот и Русија, околу Украина.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во плус 9, отсто во 9.30 часот и падна на најниско ниво во последните 7 месеци.
Лондонски FTSE индекс се намали за 0,78 отсто, на 7.426 поени, додека франкфуртски DAX потона за 1,75 отсто, на 14.472 поени, а париски CAC 0,93 отсто, на 6.725 поени.
И на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа, па индексот на акциите на Азија-Пацифик MSCI, без јапонскиот, беше во минус од 1,6 отсто околу 9:30 часот.
На токиската берза индексот Никеи се лизна за 1,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 1 и 2,7 отсто.
Берзите остро паднаа поради ескалацијата на тензиите меѓу Западот и Русија.
На Волстрит, каде што вчера немаше работа поради празниците, фјучерсот S&P 500 индексот е во минус за околу 1,5 отсто.