Европскиот предлог е достапен на македонски јазик на веб страницата на Владата

Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна го објави европскиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик.

Објавувањето на предлогот, како што информираат од владината прес-служба, е со цел транспарентно информирање на јавноста.

– Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите, информираат од владината прес-служба.

Владата, исто така, продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата.

Предлогот може да се преземе на следниот линк:

http://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/draft_general_eu_position_mk2.pdf