Европската унија доби нова „влада“

Европарламентарците денес гласаа да и дадат втор петгодишен мандат на Германката и досегашна претседателка на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен и на нејзиниот тим што треба да ја води ЕУ наредните, како што се очекува тешки и турбулетни години.

Европарламентарците денес гласаа да и дадат втор петгодишен мандат на Германката и досегашна претседателка на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен и на нејзиниот тим што треба да ја води ЕУ наредните, како што се очекува тешки и турбулетни години. Лајен обезбеди гласање за целата комисија одеднаш, а не поединечно за еврокомесарите што претходно беше можност за разните политички групи во ЕП да ги вежбаат на нив „мускулите“.

Веќе од оваа недела новата Европска комисија ќе започне со својата работа, бидејќи брзото преземање на надлежностите стана императив за Брисел, во време кога ЕУ се соочува со многу комплексни прашања, од војната во Украина, изборот на Доналд Трамп како претседател, големата миграција, можната енергетска криза, внатрешни проблеми со демократијата и други проблеми поврзани со политичката нестабилност во клучните држави на ЕУ. Откако Емануел Макрон помина лошо на изборите во Франција, откако падна владата на Олаф Шолц и е турбулентно и опстојувањето на шпанскиот премиер Педро Санчез Брисел брза да обезбеди барем стабилност – на европско ниво.

Клучните функции во новата комисија зборуваат за приоритетите во следните пет години.Поранешната премиерка на Естонија, Каја Калас, треба да ги преземе уздите како висок преставник за надбворешна и безбедносна политика,  додека еврокомесарот од Литванија Андриус ​​Кубилиус доби нова улога – да ги надгледува напорите на ЕУ за повторно вооружување.И двајцата се силни критичари на Русија. Фон дер Лајен најави  дека ЕУ треба да инвестира 500 милијарди евра (526 милијарди долари) во одбраната во следната деценија ако сака да остане во чекор со Русија и Кина.

Ова стана поитно откако Трамп беше реизбран овој месец, поради стравувањата дека може да ја намали посветеноста на САД за европската безбедност и поддршката за Украина. Слично на тоа, трговската политика му е доверена на Марош Шефчовиќ од Словачка, искусен бриселски оперативец  кој ќе ја стави во центарот на агендата оваа тема бидејќи ЕУ се подготвува за можната одлука на Трамп да воспостави екстра тарифи за увозот од ЕУ во САД.

Стефан Сежур од Франција треба да ја преземе одговорноста за индустриската стратегија во време кога европскиот производствен сектор се бори во услови на конкуренција од Кина, високите трошоци за енергија и слабите инвестиции. Поранешниот француски министер за надворешни работи ќе мора да работи рака под рака со Шпанката Тереза ​​Рибера, новата шефица на конкуренцијата и зелената транзиција, за да го усогласи економскиот раст со климатските амбиции.Проширувањето, засилено со досието за Украина, Молдавија и Грузија, ќе го води Словенката Марта Кос за која овде во Стразбур денес велат дека е – одличен кандидат.

Во центарот сепак ќе биде Фон дер Лајен, поранешната германска министерка за одбрана која значително ја зајакна својата моќ и нејзиниот профил како политички актер во последните пет години. Под нејзино раководство, комисијата се справуваше со пандемијата од корона вирусот,  користеше заедничко задолжување за финансирање на постпандемиското економско закрепнување, обезбеди голема помош и испорака на оружје во Украина и во голема мерка ја отргна Европа од рускиот гас.Лајен порача дека главниот фокус на нејзиниот нов мандат треба да биде обновување  на економските перспективи на ЕУ, избегнувајќи го она што Марио Драги, поранешен италијански премиер, го опиша како „бавна агонија“ на падот. ЕУ  не успева да остане во чекор со САД и се соочува со зголемена конкуренција од Кина во услови на низа предизвици, вклучувајќи ниска продуктивност, бавен раст, високи трошоци за енергија и слаби инвестиции.

Намалувањето на бирократијата, создавањето на унија за штедење и инвестиции за да им се помогне на компаниите да пристапат до капиталот што можат да го вложат во истражување за иновации и зајакнувањето на секторот за вештачка интелигенција, исто така, се на врвот на агендата.

Фон дер Лајен, исто така, вети дека ќе претстави „визија за земјоделството и храната“ што ќе обезбеди „конкурентност и одржливост“ за земјоделскиот сектор. Тракторите во последниве години постојано ги блокираа улиците на Брисел, при што земјоделците беа вознемирени поради евтиниот увоз, ниските маржи и оптоварувањето со правилата за заштита на животната средина.

Зајакнувањето на одбраната на Европа е приоритет откако Русија ја нападна Украина во 2022 година – но реизборот на Трамп додаде итност на ова прашање.Европските одбранбени трошоци беа премали и премногу неповрзани во последниве децении за да бидат во чекор со Русија и Кина, според Комисијата.

„Треба да трошиме повеќе, да трошиме подобро, да трошиме заедно“, напиша фон дер Лајен, претставувајќи ги нејзините планови за втор мандат. Практично за прв пат, ЕУ ќе има комесар за одбрана.

Нерегуларните гранични премини откриени во Европската унија се намалени за 43 отсто оваа година, откако достигнаа речиси 10-годишен врв во 2023 година.Сепак, миграцијата е високо на политичката агенда по придобивките на екстремната десница во неколку земји.Во октомври, лидерите на ЕУ повикаа на итна нова легислатива за да се зголеми и забрза враќањето на мигрантите и Комисијата да истражи „нови начини“ за борба против нерегуларната миграција.

Европската комисија е еквивалент на владин  кабинет и секој комесар е одговорен за различно портфолио.Од вкупно 26 предложени комесари, 10 се жени, а 16 мажи.