Претседателот на Бугарија Румен Радев вчера телефонски разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид .
Во фокусот на разговорот беа европската перспектива на Република Македонија, партнерството меѓу Бугарија и САД во областа на одбраната, како и последиците од војната во Украина за безбедноста во Источна Европа, пренесува актуелно.бг.
И Румен Радев и Карен Донфрид го осудија и го прогласија за недозволиво палењето на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. Според шефот на државата Бугарија, палењето на културниот центар на македонските Бугари во Битола го извршиле луѓе кои настојуваат да ја задржат Република Македонија во сенка на тоталитарното југословенско минато и да го попречат евроинтегративниот процес.
Румен Радев изрази очекување од Бугарија за навремени дејствија од страна на институциите во Македонија, кои нема да дозволат овој чин на агресија врз македонските Бугари да остане неоткриен и неказнет.