„Европската комисија ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја-кандидат за членство во ЕУ“ – објавува бриселскиот портал „Политико“. Тие се повикуваат на неименувани дипломатски извори.
Вчера еврокомесарите разговарале за тоа прашање по ненадејната посета на шефицата на ЕК – Урсула фон дер Лајен.
„Комисијата не заборава дека Украина е единствената земја во Европа каде што умираат луѓе, каде што врз луѓе се пука затоа што носат знамиња на ЕУ на улиците“ – пренесува „Политико“ изјава на високопоставен функционер на ЕУ.
За да се додели кандидатски статус на Украина потребен е консензус на сите 27 шефови на држави и влади на состанокот на Европскиот совет закажан за наредната седмица.
Официјални лица и дипломати во Брисел сепак посочуваат дека најмалку три држави-членки на ЕУ се против кандидатски статус за Украина.