
Европската комисија предлага „воен Шенген“ за побрзо минување на трупи низ ЕУ
„Денес, за да се премести воена опрема и трупи, на пример од запад кон исток, за жал, потребни се месеци. Сакаме тоа да се случи во рок од неколку дена. Не можете да браните континент ако не можете да се движите низ него“, изјави европскиот комесар за одржлив транспорт и туризам Апостолос Цицитикос на брифинг за медиумите.
Во иднина, земјите-членки на Европската унија би имале три дена во мир и шест часа во вонредни ситуации за да дозволат минување на воени сили и опрема на други европски земји низ нивната територија, што е дел од одредбите на новиот предлог на Европската комисија за воспоставување на таканаречениот „Воен Шенген“, чија цел е значително да се забрза воената мобилност во рамките на Унијата.
„Денес, за да се премести воена опрема и трупи, на пример од запад кон исток, за жал, потребни се месеци. Сакаме тоа да се случи во рок од неколку дена. Не можете да браните континент ако не можете да се движите низ него“, изјави европскиот комесар за одржлив транспорт и туризам Апостолос Цицитикос на брифинг за медиумите.
Една од клучните мерки се однесува на забрзано издавање дозволи за прекугранично движење на трупи и опрема.
Во моментов, правилата во 27 земји-членки не се хармонизирани, па затоа на поединечните земји им се потребни недели за да одговорат на ваквите барања.
Затоа, Комисијата предлага скратување на рокот на максимум три дена во мирно време и само шест часа во вонредни околности, со стандардно одобрување во последните случаи.
Планот, исто така, предвидува воспоставување нов систем за одговор во областа на воената мобилност, моделиран според Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој би вклучувал „фонд за солидарност за воена мобилност“, од кој земјите-членки би ставиле на располагање достапни капацитети како што се специјални возови, фериботи или стратешки авиони.
Предвиден е и каталог на двојни транспортни и логистички ресурси од цивилниот сектор што би можеле да се користат за воени цели.
Работата на координацијата на претстојните активности ќе ја води нова транспортна група за воена мобилност, во која секоја членка ќе има национален координатор.
Тие, меѓу другото, ќе ги утврдат приоритетите за финансирање на околу 500 инфраструктурни проекти потребни за подобрување на четири воени коридори чии локации сè уште не се објавени.
Европскиот комесар проценува дека за реализација на проектот се потребни околу 100 милијарди евра, додека во тековниот буџет на ЕУ до 2027 година се издвоени само 1,7 милијарди, што тој го оцени како „капка во океан“.